Арина Сабаленка, тенисерка број 1 во светот, се пласираше во полуфиналето на Вимблдон откако ја победи 37-годишната германска ветеранка Лаура Зигмунд со 4-6, 6-2, 6-4 во четвртфиналето. Зигмунд, моментално 104-та тенисерка во светот, чиј најдобар резултат на Гренд-слем турнирите во нејзината кариера е четвртфиналето, покрај освојувањето на првиот сет, имаше и две „брејк“ предности во решавачкиот трет сет, но Сабаленка успеа да се врати ...

Актуелниот шампион на Вимблдон, моментално вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз лесно се пласираше во полуфиналето на овогодинешното издание на најголемиот турнир, совладувајќи го во четвртфиналето домашниот играч Камерон Нори со 6-2, 6-3, 6-3. Алкараз е на само две победи од својата трета последователна титула на Вимблдон, а негов противник во полуфиналето ќе биде Американецот Тејлор Фриц, кој го победи Русинот Карен Хачанов во ...