Добивај вести на Viber Најмалку 400 работници од фабриката за кондиторски производи Винчини од Виница остануваат на улица, откако синоќа до темел изгоре производствениот погон, магацините полни со роба и административниот дел од фабриката, информира регионалната телевизија ТВ Стар. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески синоќа бил известeн од сопственикот на Макпрогрес Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката има пожар. ...

Најмалку 400 работници од фабриката за кондиторски производи „Винчини“ во Виница остануваат без работа, откако синоќа во пожар до темел изгореа производствениот погон, магацините со готова роба и административниот дел од фабриката. Ова се смета за најголемиот економски удар врз Виница досега, имајќи предвид дека фабриката вкупно вработуваше околу 500 лица. Дел од нив, околу стотина, ќе може да бидат ангажирани во дисперзираните погони, но ...