Во Влада попладнево е закажано итно заседание на формираниот кризен штаб за пожарите. Според најавите, со кризниот штаб ќе раководи премиерот Христијан Мицкоски. Засега е познато дека Мицкоски ја одложува вечерашната партиска трибина во Куманово и ќе биде во Влада. На последната седница одржана вчера Влада донесе одлука за прогласување кризна состојба. Во последното соопштение од Центарот за управување со кризи се вели: Во моментот е во тек ...

Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари. Како што информираше на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева, тоа на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и ...