Вечерва во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Според првичните неофицијални информации, неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец. Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот. На терен се присутни полициски тимови кои вршат увид, ...

Џипот што бил користен при денешниот грабеж на златарница во центарот на Гостивар е пронајден запален на патот кон планинскиот премин Стража, на свртувањето кон Маврово. Според информациите, возилото било целосно зафатено од пламен, а истражителите се сомневаат дека разбојниците го запалиле намерно за да ги сокријат трагите и доказите од грабежот. Полицијата е на терен и врши увид на местото, при што се собираат траги што би можеле да помогнат ...