Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. На средбата, како што објави министерот Муцунски на социјалните мрежи, било потврдено силното и стратешко партнерство меѓу две земји, со фокус на зајакнување на демократските вредности, економскиот раст и регионалната безбедност-партнерство за кое сведочат и билатералните посети на високо ниво, ...

Македонија и Турција формираат совет за соработка на највисоко ниво. Документот предвидува зајакнување на соработката во сите сектори, но посебен акцент се става на економската, инвестициската и трговската соработка. Советите е предвидено да се состануваат еднаш во две години а со нив да претседаваат токму Мицкоски и Ердоган, првиот состанок ќе се одржи во Скопје. Двајцата лидери согласни, Советот ќе ги зајакне и унапреди и онака одличните ...