Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, во емисијата Бизнис 21 кажа дека општините искористиле само 8% од првиот повик за унгарскиот кредит, додавајќи дека ќе бидат искористени повеќе, со оглед дека веќе се имаат потпишано договори и се очекува да завршат уште капитални проекти. „Една милијарда евра кои ги позајмивме од Унгарија, пола се наменети за општините. Во делот на општините, реализацијата е 245 милиони денари до овој момент. ...

Општините реализирале само 8% од проектите или искористиле околу 4 милиони од вкупно 77 милиони евра од парите наменети за изградба на патишта, водоводи, канализации и локална инфраструктура. И покрај слабата реализација на проектите од првиот повик, заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски е оптимист. Во емисијата Бизнис 21 рече дека очекува голем дел од проектите да се реализираат до изборите. Јанкуловски: Од предвидените за 2024 ...