Елиас, млад научник посветен на климатските промени, се вљубува во амбициозната пејачка Анита. Кога му се укажува можност да се приклучи на мисија за истражување на опасна пукнатина на дното на океанот – феномен што ја загрозува целата планета – тој ја става кариерата пред љубовта. Петнаесет години подоцна, за време на подморска експедиција, Елиас доживува визија за животот што можел да го има доколку направел поинаков избор. Оваа визија станува ...

Погрешно уапсен и обвинет поради убиство кое не го извршил, Французинот Хенри Шариер (Стив МекКвин), наречен „Папилон“, осуден е на доживотна казна во колонијата Св. Лорент на Ѓаволскиот остров, во Француска Гвајана. Додека со останатите осуденици плови кон затворот, тој го запознава Луис Дега (Дастин Хофман), славниот фалсификатор кој верува дека сопругата и адвокатот би можеле да се изборат за помилување, и сака да го принуди, во замена за ...

Некогаш, во мало семејно предградие на периферијата на Рим, веселите летни горештини ја камуфлираа задушливата атмосфера на отуѓеност. Од далечина, семејствата изгледаат нормално, но ова е илузија: во куќите, дворовите и градините, тишината го покрива суптилниот садизам на татковците, пасивноста на мајките и рамнодушноста на возрасните. Но, тука е очајот и потиснатиот гнев на децата што ќе експлодира и ќе ја пресече оваа гротескна фасада, со ...

Откако нејзиното момче Влад е уапсен, 18-годишната Дарија се пријавува во рехабилитациски центар за да се ослободи од зависноста од дрога што ја стекнала преку него. Во затворениот и строго контролиран свет на клиниката, нејзината младост и наивност ја прават „имакулат“ – чиста и недопрена во очите на другите зависници, кои почнуваат да ја штитат, но и да ја посакуваат. Додека се бори со сопствената зависност, Дарија се соочува со токсични ...