Извонредна игра на македонскиот шампион Фудбалерите на Вардар вечерва приредија вистинска сензација на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, совладувајќи го швајцарскиот фаворит Лозана со резултат 2:1 во натпревар од второто квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. Иако гостите важеа за тим со далеку поголем буџет и рејтинг, избраниците на тренерот Гоце Седлоски одиграа пожртвувано и борбено, обезбедувајќи заслужена предност ...

Верните навивачи на ФК Вардар, „Комити“ се мобилизираат и за гостувањето во Лозана, каде нивните миленици ќе се обидат да го минат швајцарскиот претставник и да се пласираат во плеј-офот за Конференциската лига на УЕФА. Вардаровите навивачи објавија дека сите групи и заинтересирани лица можат да се пријават за патувањето во Швајцарија, а цената изнесува 3000 денари за оние со членска карта и 3300 денари за тие што немаат членска карта. Пониска ...