Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 август. Денеска е Св. патријарси Александар, Јован и Павле. Сите овие беа патријарси на цариградската катедра во разни времиња. Првиот, Александар, во времето на цар Константин, а се упокои во 340 година на свои 98 години. Свети Јован Посник беше патријарх во шестиот век. Последниот, Павле, раководеше со цариградската црква во осмиот век во тек на осум години, а потоа се повлече од ...
Охрид, 15. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Свети маченик Мамант. Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка му, откако го роди, и самата се упокои. Така, значи, остана младенецот во затворот меѓу мртвите тела на своите родители. Но, Промислителот Бог го испрати Својот ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 септември. Денеска е Св. маченик Мамант. Родителите на Мамант беа христијани од Пафлагонија, област што се наоѓа во северниот дел од Мала Азија. Животот го завршија во пафлагониските затвори, потклекнувајќи им на измачувањата. А на Мамант му се случи да се роди во затворот во времето на страдањата на неговите родители. По нивната смрт, од затворот го зеде некоја вдовица Амија, на која ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 септември. Денеска е Преподобен Симеон Столпник. По потекло Симеон беше Сириец. Родителите му беа селани. На 18-годишна возраст тој ги напушти родителите и се замонаши. Откако помина неколку години во секакво смирување, одлучи да се предаде на посебен подвиг, дотогаш непознат во Црквата подвигот на столпништвото. Останатиот дел од животот го помина на врвот од еден висок столб, по дожд ...