Кандидатот на СДСМ за градоначалник вели дека Општина Центар, со која раководи, плаќа дополнителни средства за хигиена бидејќи не ги добива услугите од Град Скопје Состојбата со хигиената е првата тема на којашто треба да се разговара со новиот градоначалник на Град Скопје, вели актуелниот градоначалник на Центар и кандидат за реизбор од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, прашан што најитно и е потребно на општината. Во интервју за „360 ...
„Ова е катастрофа што му се случува на градот Скопје и на Општината Центар изминатите четири години. И целата оваа ситуација е недозволива за една метропола“, рече Герасимовски, додавајќи дека додека други поднесувале кривични пријави и се жалеа, Центар работел на терен. Тој нагласи дека Општина Центар презела низа конкретни мерки за справување со проблемот: изнајмена е дополнителна механизација, работено е двосменски и тросменски, поставени се ...

