Комерцијална банка издвои 6 милиони денари како донација за новата градинка „Верверичка“ со која жителите на Општина Кисела Вода добија нов, современ и удобен простор за нивните деца. Новата градинка „Верверичка“ е осмиот објект во рамките на градинката „Весели Цветови“. Со реализацијата на овој значаен проект, Комерцијална банка ја потврдува својата посветеност за создавање подобро општество за сите. Отворањето на градинката „Верверичка“ ...

Отворањето на градинката „Верверичка” претставува значаен чекор за подобрување на условите во образованието и развојот на децата. Новиот објект има шест занимални и повеќе придружни простории, што обезбедува најсовремени услови за секојдневна грижа за над 110 дечиња. Ова е уште една инвестиција во иднината со која на најмалите жители во Општина Кисела Вода им обезбедивме безбеден, модерен и опремен објект што ќе им овозможи развој на детската ...