Согласно индикативните мерења на суспендирани цврсти честички (PM10) на мерното место во Трубарево, спроведени во периодот од 21.09.2025 во 08:30 часот до 22.09.2025 во 08:30 часот, просечната концентрација изнесува 14.2 µg/m³. Највисоката измерена вредност е 44.1 µg/m³, додека моменталното ниво е 11.9 µg/m³. Резултатите покажуваат дека концентрациите на PM10 се во рамки на дозволените и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност ...
Квалитетот на воздухот во скопско Трубарево, една недела по големиот пожар во магацинот за електронски отпад, е стабилизиран и во рамките на дозволените вредности, соопшти ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и раководител на лабораторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски. Мерењата, спроведени од 14 до 17 септември, покажале дека дневните концентрации на честички се движеле од 28 до 40 микрограми на кубен метар, што е под границата од 50 ...