Пет возила одзела полицијата откако по пријава за бучава, на паркинг во Струга, затекнала 500 луѓе со 120 возила кои како што велат од МВР „наводно изведувале изложба“. – Денеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај. ...

Повеќе од 500 млади лица и околу 120 спортски и луксузни автомобили направиле вистински хаос на паркинг во Струга ноќеска, а полицијата интервенирала откако јавниот ред и мир биле сериозно нарушени. Како што информира МВР, инцидентот се случил рано утринава (05.08.2025), помеѓу 00:30 и 02:00 часот, кога на терен биле повикани полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга. На местото на настанот, ...