Во однос на слободата на медиумите, во Извештајот се наведува дека Уставот предвидува слобода на изразување, вклучително на новинари и други медиуми и оти Владата генерално го почитувала ова право. „Според медиумите и граѓанските организации, слободата на изразување беше поткопана со тужби против новинари, несоодветно однесување од страна на јавни службеници во нивната интеракција со новинари, прекумерен притисок врз новинарите кои истражуваат ...
Слободата на изразување и слободата на медиумите се ограничени во земјите од Западен Балкан, оцени американскиот Стејт департмент во својот најнов извештај за состојбата со човековите права во светот. Ова е прв извештај за човековите права издаден од Стејт департментот по преземањето на власта од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. За Северна Македонија се наведува дека невладините организации во земјава забележуваат оти ...