Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ги победија Индијана Пејсерс со 111:104 во четвртиот натпревар од финалето на НБА лигата синоќа и го израмнија резултатот на 2-2 во серијата до четири победи. Најкорисниот играч на сезоната, Шаи Гилџеус-Александер, кој постигна 35 поени, ги предводеше Тандер до победа. Тандер заостануваа седум поени во последната четвртина, но во последните три минути имаа серија од 12:1 за на крајот да го добијат тој дел од ...

Кошаркаритe на Оклахома Сити ги победи Индијана Пејсерс со 120:109 (32:22, 27:23, 28:34, 33:30) дома и поведе со 3-2 во серијата од финалната серија на НБА лига, која се игра до четири победи. Првпат во финалето Оклахома Сити поведе откако Индијана водеше со 1-0 и 2-1. Оклахома Сити се приближи еден чекор до титулата во НБА, а својата прва меч-топка ќе ја имаат ноќта од четврток кон петок кога се игра шестиот натпревар во Индијанаполис. Првпат ...