Колку пациенти по прележан мозочен удар и губење на говорот знаат дека треба да побараат и помош на логопед? Дали лекари ги упатуваат лицата кои имаат нарушување на комуникацијата како последица на повреда на глава кај вистинските стручњаци? Оваа состојба се нарекува афазија, термин кој не е многу познат во јавноста, но според статистиките со ова се соочуваат поголем број на граѓани на кои им е нарушен квалитетот на живот. Центарот за вербална ...

Како што појасни логопедот специјалист за дисфлуентни нарушувања на говорот и директорка на Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Скопје, Нермин Теловска, афазијата како една од почестите појави после мозочен удар, значително влијае на способноста за комуникација кај пациентите. Сепак, вели, свесноста кај населението за афазијата и нејзините последици е ограничена. Од вкупно анкетирани 241 минувачи на улиците во ...