Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да ...

Денот на Свети Илија – Илинден, претставува голем православен празник и значаен македонски национален празник. Се празнува на 2 август, а по стар стил на 20 јули. Македонскиот народ ја обзнанил македонската борба за слобода во 20 век на два Илиндена, во 1903 и во 1944 година. Со децении Илинден се празнува преку традиција во која се зачувани духовни, револуционерни и фолклорни мотиви од колективната свест на Македонците. Освен Илинденското ...