Полицијата на Нов Јужен Велс утрово соопшти дека тело на маж е пронајдено во автомобил потопен во поплавни води во близина на Кофс Харбор, пренесе ДПА. Обилните дождови предизвикаа сериозни поплави долж источниот брег на Австралија, при што помалите градови на Средниот северен брег се меѓу најтешко погодените. Австралискиот премиер Ентони Албанезе и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, денеска ги посетија некои од подрачјата зафатени од ...
Властите во Австралија денес започнаа со работа за санирање на штетите предизвикани од разорните поплави во југоисточниот дел од земјата. Лошото време предизвика смрт на најмалку пет лица. Службите за итни случаи во државата Нов Јужен Велс соопштија дека продолжуваат да ја проценуваат штетата од поплавите што го зафатија регионот во последните денови. „Првичните проценки покажуваат дека најмалку 10.000 имоти се оштетени поради невидените ...