Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во југоисточните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. ...

Под влијание на многу топла воздушна маса која продира од Африка кон нашата Република Македонија, викендов времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, додека во Скопје и ...