Да пријават вртат и жителите, но ниту тие не добиле одговор од другата страна на телефонската линија. Па никој не знае дали воопшто „Комунална хиегиена“ знае дека не е собрано ѓубрето, бидејќи како што велат, кога претходно се случувало да пријавуваат и да го дадат бројот на улицата, од претпријатието добивале одговор дека во листата им стои, ѓубрето на нивната улица е собрано. Но, ова е само на хартија, бидејќи во пракса улиците се полни ѓубре. ...

Градоначалничката Данела Арсовска изгледа целосно крена раце од Скопје. И покрај тоа што граѓаните со денови се жалат дека градот е преполн со ѓубре и практично се претвори во една голема јавна депонија, нема никаква поголема акција за чистење. Во обиколка низ градот, објективот на ТВ Алфа забележа контејнери кои се уште беа преполни со секаков вид отпад меѓу кој гранки, пакети, кабаст отпад и секаков вид на расипана и гнила храна кој смрди и го ...