Во областа Кохистан, во Пакистан, овчар неодамна го открил телото на Насирудин, 31-годишен маж кој исчезнал во 1997 година за време на своето последно патување – низ долината Супат, објави порталот „Фосбајтс“ (Fossbytes). Неговото семејство со десетлетија го барало исчезнатиот, но – без успех. Сега, совршено зачувано и недопрено 28 години во мразот, на неговото мртво тело сè уште била облеката, и негова лична карта. Научниците велат дека ...
Топењето на арктичкиот морски мраз драматично се забави во последните 20 години, објавија научниците, без статистички значајно намалување на неговиот обем од 2005 година. Истражувачите велат дека ова откритие е изненадувачко, со оглед на тоа што емисиите на јаглерод од согорувањето на фосилните горива продолжија да растат и да заробуваат повеќе топлина во тој период, пишува „Гардијан“. Според нив, природните варијации во океанските струи што го ...

