Имоти,улици, изградба на нови згради -граѓаните загрижени а дел и револтирани прашуваат, надлежните слушаат и прибираат забелешки за генералните урбанистички планови овојпат за општините Карпош и Сарај. Иако со години наназад поднесувале забелешки ,велат никој не ги слуша нивните барања. Проблемите но и забелешките на граѓаните се ставаат на хартија, се разгледуваат и подоцна дел од нив може да завршат во новиот ГУП. Дискусијата ќе биде ...

Град Скопје минатата недела организираше јавни дискусии со граѓани во врска со изработката на новиот Генерален урбанистички план на град Скопје со кој ќе се опфати планирањето во главниот град во периодот од 2022-2032 година. Четири дена им беа посветени на жителите на Ѓорче Петров со кои се дискутираше за секоја градска четврт посебно, а потоа во петокот беа опфатени граѓаните од две општини, од Карпош и Сарај, на кои им се посветија само по ...