Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид игра за историја. Младиот тим е во исчекување на првиот натпревар од финалето на Европскиот Куп на ЕХФ, каде игра на гостински терен со грчки АЕК од Атина. Избраниците на Кирил Лазаров дојдоа до двомеч-битка за трофејот во третото натпреварување на ЕХФ, a станаа петтата екипа од нашата земја која игра едно финале во европски рамки во машка и женска конкуренција. Алкалоид кај мажите им се придружи на ...
Ракометарите на Алкалоид направија огромен исчекор кон освојување на првиот европски трофеј во клупската историја, откако во Атина славеа важна победа против грчкиот АЕК со 25-29 во првиот финален натпревар. Препорачано Иако домашниот тим поведе со 2-0, следеше изедначено прво полувреме во кое двата тима се менуваа во водство, најчесто играјќи гол за гол. АЕК успеа да се одлепи на 14-12, но во самиот финиш на полувремето, избраниците на Кире ...
Момците на Кире Лазаров со пласманот во финалето го направија својот најголем успех на европската сцена и веќе испишаа историја, но сите посакуваат мисијата да биде комплетирана со кревање на победничкиот трофеј. За жал во завршните битки Лазаров не може да смета на својот најдобар ракометар Марко Митев кој се рехабилитира од тешката повреда, но Алкалоид покажа дека може и без него да одигра на високо ниво. „Екипата е подготвена, мотивирана, ...
Ракометарите на Алкалоид со голема победа се враќаат од Атина против АЕК од првиот натпревар од финалето од Европскиот куп на ЕХФ. Алкалоид славеше со 25-29 и овие четири гола ќе ги брани во возвратниот натпревар по седум дена во Скопје. Најефикасен играч во таборот на Алкалоид беше Мартин Сефаримов со шест погодоци, а „пет од пет“ имаше Франциско Да Силва. Голем удел во овој триумф имаше голманот Иван Галевски кој фати пет пенали и вкупно ...