Украинските вооружени сили денеска соопштија дека извршиле напад врз руски објект за производство на беспилотни летала во градот Јелабуга, над 1.000 километри оддалечен од границата со Украина. „Познато е дека е оштетена производствената линија за финално склопување на беспилотни летала“, стои во соопштението на украинската армија објавено на Телеграм. Фабриката, според украинските податоци, има капацитет за производство на 300 дрона дневно. ...

Во текот на изминатата ноќ, противракетните системи соборија 91 украински дрон, од кои 40 беа над Курската област, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. „Во ноќта помеѓу 28 и 29 април, дежурните противвоздушни сили уништија 40 украински беспилотни летала од типот авиони. Од 20 часот на 28 април до 6 часот на 29 април, по московско време, системите за противвоздушна одбрана соборија 91 украински дрон од типот авиони, од кои 40 беа над ...