Либанското милитантно движење Хезболах денес соопшти дека владата на премиерот Наваф Салам направила „смртен грев“ со тоа што ѝ дала на армијата овластување да воспостави државен монопол врз оружјето до крајот на годината, што го оцени како директен напад врз правото на отпор кон Израел. Во писмена изјава, Хезболах рече дека одлуката е „донесена под американски диктат“ и предупреди дека ќе ја третира како „непостоечка“, објави Ројтерс. ...

Хезболах ја обвини либанската влада дека направила голем грев со тоа што планирала да воспостави државен монопол врз оружјето. Вчера, либанската влада ја овласти либанската армија да изготви план со кој ќе се ограничи оружјето низ целата земја на шесте официјални безбедносни сили, што би претставувало голем предизвик за Хезболах. Одлуката дојде откако САД и партиите што се спротивставуваат на движењето извршија притисок врз владата во Бејрут ...