Челси не успеа да оствари позитивен резултат на соочувањето со Баерн во Минхен каде загуби со 3-1. Домаќините повеќе ја имаа топката во своите нозе, беа поконкретни и испратија повеќе удари кон голот на противникот и сето тоа им донесе три бода на стартот на кампањата во елитната конкуренција. Стрелец на единствениот погодок за Челси беше Кол Палмер кој пак по мечот ги издвои причините за поразот на „Алијанц Арена“. -Мислам дека игравме добро. ...
Челси ја освои Конференциската лига на УЕФА и Светското клупско првенство и со тоа секако пораснаа амбициите кога е во прашање оваа сезона. „Сините“ се состав со доста квалитет, талент и потенцијал, но допрва ќе видиме дали тие ќе можат соодветно да одговорат настапувајќи во Премиер лигата и Лигата на шампионите, натпреварување кое е на далеку повисоко ниво од Конференциската лига каде Челси на еден начин се „прошета“ до титулата. Премиерлигашот ...