Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети Василиј Исповедник, соработник на свети Прокопиј Декаполит. Василиј верно го следеше својот учител Прокопиј и во времето на мир, и кога настапија гонењата. Претрпе многу маки од иконоборците. А кога иконоборците пропаднаа, по Божја Промисла, Василиј се врати заедно со Прокопиј во својот манастир, и таму во пост и молитва поживеа долго и ...

Охрид, 27. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 14-ти март, денот кој православните верници го слават како ден на Св. Мартин Исповедник, папа Римски. Свети Мартин живеел во седмиот во седмиот век, во Рим. Неговиот живот, исто како и животот на свети Максим Исповедник го одбележа борбата против еретиците монотелити. Императорот Констанс, кој ги поддржуваше еретиците го симна Мартин од катедрата и ...

Охрид, 26. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети свештеномаченик Артемон. Беше свештеник во Лаодикија во времето на царот Диоклецијан. За себе пред судијата мачител рече: „Се викам Артемон, роб на Христа мојот Бог; шеснаесет години бев чтец и читав книги во Црквата на мојот Бог; дваесет и осум години бев ѓакон и го читав Светото Евангелие; триесет и три години наполнив како презвитер ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок – Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во Светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок. Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и’ се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица ...