Ајакс покажа интерес за македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој моментално настапува како позајмен играч во Торино. Според информациите на германски „Билд“, 25-годишниот офанзивен играч на средината нема иднина во РБ Лајпциг, клуб што сака да се ослободи од неговата висока плата. Лајпциг налето ќе се соочи со проблем во нападот, бидејќи неколку фудбалери со високи примања се враќаат од позајмици, а освен Елмас тука се и Тимо Вернер ...
Елмас игра одлично во дресот на Торино, но италијанскиот клуб тешко дека ќе успее да го задржи. Тие се обидуваат да ја намалат сумата која ја бара Лајпциг, а таа изнесува 18 милиони евра. „Билд“ пишува дека Ајакс е многу загреан за Елмас, холандскиот клуб веќе ги почнал преговорите со Лајпциг за ангажман на македонскиот фудбалер, тие ја испратиле и првата официјална понуда. Ајакс наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а набрзо се ...