Само неколку дена откако нареди пауза во испораката на критично оружје за Украина, американскиот претседател Доналд Трамп сега најавува дека САД повторно ќе започнат со испораки – и тоа со зголемен обем на одбранбено оружје. „Мораме,“ рече Трамп во изјава за медиумите. „Тие мора да се бранат. Многу жестоко се напаѓани. Ќе испратиме уште оружје – пред сè одбранбено.“ Изјавата претставува нагла промена во политиката, откако минатата недела ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период, велејќи дека бил максимално продуктивен. Во своето вечерно обраќање на 5 јули, Зеленски истакна дека главната тема на разговорот биле системите за воздушна одбрана, особено американскиот систем „Патриот“, кој Киев го смета за клучен за одбрана од руски балистички ракети. „Патриот е клучен ...