Екипата на Алкалоид пристигна во Сандефјорд, Норвешка, каде ќе го игра реванш мечот од полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ против Рунар. Нашиот претставник има пет гола позитива од дуелот во Скопје и игра за европска историја. Лазаров на располагање ги имаше сите ракометари од претходната средба, кои тренираа и работеа во салата на Рунар. Натпреварот меѓу Рунар и Алкалоид се игра во недела од 17:00 часот. Тимот од Автокоманда игра да стане ...

РК Алкалоид испиша историја и се пласира во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ каде ќе игра со РК АЕК Атина од Грција. Избраниците на Кирил Лазаров го преживеаја тешкото гостување во Норвешка и преку пенали се изборија за финале во Европскиот Куп на ЕХФ. Алкалоид на почетокот од мечот ја загуби предноста од пет голови разлика, бидејќи Рунар тргна фуриозно и поведе со 6:1 во раната фаза, но на крај мечот заврши драматично, на пенали. Противничката ...