Денеска, Општина Центар свечено ја отвори новата градинка „Пролет“, современ објект изграден од темел според сите безбедносни и функционални стандарди, со капацитет на згрижување на 173 деца, на површина од 3.200 метри квадратни. Градоначалникот Горан Герасимовски, истакна дека градинката е завршена за помалку од три години, целосно финансирана од општината, без задолжување. „Оваа градинка не е само зграда – туку симбол на визија, вложување во ...
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека е пресреќен што во еден мандат, во рок од три години е отпочнат и завршен проектот за изградба на новата градинка во населбата Пролет, што е редок пример во државата. „Ако разгледате и направите увид и истражување во поголем дел од општините, ќе видите дека многу споро оди делот на реализација на ваков тип на проекти. Искрено сум среќен што успеавме за три години да го реализираме проектот и да ...