Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија. Австрискиот европратеник и известувач за земјава Томас Вајц е оптимист, вели земјата припаѓа во ЕУ. Широко политичко мнозинство дало зелено светло, иако на седницата биле одбиени сите амандмани поднесени од бугарските европарламентарци и обидот за нов од пратеникот од Европската народна партија, Михаел Галер, да се стави „сегашен“ пред македонски јазик и ...
„Бугарската страна мораше да направи отстапки токму во областа што Македонците ја сметаат за најчувствителна – идентитетот, нацијата и јазикот. Да се потсетиме: пред неколку дeцении, бугарските националисти воопшто одбиваа да го признаат постоењето на македонска нација. За нив, идентитетот на Македонците беше бугарски, но некако беа збунети од Тито во времето на Југославија. Дури и за нив стана јасно дека оваа приказна е неоснована, не се базира ...