Вчера во 06.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Богородица и Стојаково, гевгелиско, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(18) од село Стојаково, излетало надвор од патот. Од преземените мерки било утврдено дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно со 1.57 промили алкохол во крвта. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Во текот на ноќта во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки ...