Во недела, 20 јули, со почеток во 20:30 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, свечено ќе биде отворен најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Свечената церемонија ќе го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл (од 20 до 26 јули), кој ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, солидарност и ...

Македонските кадетски репрезентации во машка и женска конкуренција со пораз ги отворија настапите на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје. Кадетките први истрчаа на теренот во СЦ „Јане Сандански“ и претрпеа пораз од Исланд со 29-22. Уште во првиот дел Исланѓанките стекнаа солидна предност и на пауза заминаа со 16-9. Најдобра во нашиот тим беше Ристовска со пет реализации, додека по четири дадоа Димоска и Трифуноска. Во машка ...