Манев е организатор, Видевски е пукач, Кешишев е стражар, рече првобвинетиот Љупчо Палевски денеска во судот откако претходно беше прашан од таткото на убиената Вања во две реченици да каже кој ја убил неговата ќерка. По оваа реченица Боре ги крена рацете и се фати за глава. – Ќе ја испочитувам желбата на оштетениот, обвинетот Александар Ѓорчевски, да одговорам зашто е убиено недолжно дете, неговата Вања Ѓорчевска, но не можам во две минути. Ова ...
Со завршниот збор на Палевски заврши главната расправа од судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а пресудата, како што соопшти судијата Ивица Стефановски, ќе биде изречена в среда (25 јуни) во 10 часот Велибор Манев е организатор, Боре Видевски извршителот, а Влатко Кешишев стражарот во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова во својот завршен збор денеска го кажа Љупчо Палевски-Палчо, првообвинетиот за двете ...
Првообвинетиот Љупчо Палевски во завршните зборови рече дека е обвинет без докази и оти не му било дадено доволно време да ја подготвува својата одбрана. -Нема трага дека сум пристутен на две места на грабнување и убиства и во две возила, рече Палевски. Според него, има докази за фалсификат во доказите од Телеком и оти само кај него има празна табела. -Планот на ОЈО е-доаѓам, убивам, пари не барам, рече Палевски пред судот. Тој смета дека ОЈО ...