Поразот од Тотенхем во големото финале во Лигата на Европа ја потврди убедливо најлошата сезона за Манчестер Јунајтед во последните пет децении, а тоа дефинитивно е најава дека ќе има огромни промени на „Олд Трафорд“ ова лето. Трофејот во второто европско натпреварување можеше да биде добра утеха за навивачите поради директниот пласман во Лигата на шампиони, но во ситуација кога Јунајтед губи и огромни финансиски средства поради поразот од ...
Манчестер Јунајтед остана без посакуваниот резултат во соочувањето со Тотенхем во финалето на Лига Европа кое се играше на „Сан Мамес“ во Билбао. „Црвените ѓаволи“ доживеаа пораз од 1-0, пораз кој боли затоа што овој меч носеше голем влог затоа што победникот однесе се (трофеј и место во ЛШ), додека поразениот ќе претрпи финансиска загуба, останува без Европа, а и ја заокружува сезоната на катастрофален начин. Менаџерот Рубен Аморим беше ...