Наспроти ветувањата од лидерот на владејачката партија, секој ден државата е подалеку од Европа и од демократијата, а секоја изјава на премиерот Христијан Мицкоски е нова лага, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче на вечерашната партиска трибина во Охрид. – Ароганција, негрижа и лажен патриотизам, поделби на граѓаните, етикетирање на оние кои се побунија против лошите политики… Правда и правна држава кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, тоа е непозната ...

Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што ја градиме, или ќе гледаме како ја рушат, цигла по цигла. Знам дека граѓаните се разочарани, но сега е време за мобилизација, не за апстиненција. Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам на мобизација. Ајде заедно да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, заедно со СДСМ и коалицијата, за нашиот заеднички дом, за ...