И покрај инвестиција од речиси 58 милиони евра во современа медицинска опрема, дел од неа сè уште не е ставена во функција или не се користи доволно. Причините се хроничен недостиг од стручен кадар, недоволна едукација и несоодветни простории – покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија. Според наодите, опрема вредна 13 милиони евра не е воопшто во употреба, а уште 5,5 милиони евра стојат неискористени во полн капацитет. ...

Скенери, акцелератори, ангиографи, томографи, мамографи – опрема вредна 18,5 милиони евра „скапува” во болнички подруми затоа што нема кадар и простор за користење – откриваат од ДЗР. Државата од 2021 до 2023 се заборавила од купување на медицински апарати, без да бере гајле што нема кој да работи со нив. Наодите на ревизорите се загрижувачки, опрема вредна 13 милиони евра не е воопшто во употреба, а уште 5,5 милиони евра стојат неискористени во ...