Добивај вести на Viber Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот што избувна вчера доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница. Дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба, изјави за МИА Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководител на одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската ...
Тројца од повредените пожарникари при гаснењето на пожарот во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, што беа згрижени во Општата болница во Кочани, се пуштени на домашно лекување. Четвртиот пожарникар, кој е припадник на ТППЕ од Штип, е испратен на дополнителни испитувања во штипската Клиничка болница, информираше Катерина Паниќ Мирчовска, в.д. директор на кочанската болница. Препорачано Таа се надева на позитивни наоди при испитувањата на четвртиот ...
Тројца од пожарникарите повредени при гаснењето на пожарот во фабриката „Макпрогрес“ во Виница се пуштени на домашно лекување, додека четвртиот, припадник на ТППЕ од Штип, е испратен на дополнителни испитувања во Клиничката болница во Штип. Сите пожарникари имале изгореници од прв степен на долните екстремитети, стекнати при гаснењето на стопена течна маса од шеќер. Од тројцата пуштени на домашно лекување, еден е од Свети Николе, а двајца од ...
Министерството за здравство информира дека по пожарот кој вчера попладне избувна во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница, медицинска помош им е укажана на 13 лица. Во ЈЗУ Клиничка болница – Штип е згрижена една пожарникарка, четири пожарникари се хоспитализирани во Општата болница во Кочани, додека осум вработени од фабриката се лекуваат на Клиниката за токсикологија во Скопје. Од Министерството нагласуваат дека сите се во ...