Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз од Романија (72-80) ги отвори претквалификациите за Светското првенство. Избраниците на Марјан Илиевски на неговото официјално деби во „Спорската сала Куманово“ пред околу 3.000 навивачи паднаа во финишот и неуспешно го отворија овој циклус. Не можеше Џејкоб Вајли сам да го поведе нашиот национален тим до добар резултат во Куманово иако блесна и одигра перфектен натпревар. По неколкуте грешки и ...
Подмладената македонска репрезентација падна во финишот и на крајот и убедливо го загуби мечот иако тој не е слика на она што се случуваше на теренот на спортската сала во Куманово. Натпреварот беше изедначен, двете селекции се менуваа во водство, тргнавме лошо, Романија почна со 6-0, но се стабилизиравме и брзо го свртевме резултатот. Првото водство за нас беше 13-12. На полувремето исто така имавме предност од еден поен разлика, беше 32-31. Во ...