Со гранки и лопати, среде ноќ се гаснеше пожарот во шумата помеѓу селата Рогачево и Јажинце на тетовско подрачје. Иако неколку денови интервенираа специјализираните возила, хеликоптери и авиони, една линија од овој пожар поради непристапен терен го изгаснале жители од Рогачево. Од Дирекцијата за заштита и спасување признаа дека во овој случај ангажманот на мештаните бил клучен за спречување на огнот, а воедно елиминирана е потенцијална опасност ...
Добивај вести на Viber Пожарот над селото Лојане е локализиран, а селото е целосно заштитено. Пожарот кој зафати дел од пределот над селото Лојане, Општина Липково, е во голема мера локализиран и изгаснат. Интензитетот на горењето во боровата шума е значително намален, а селото е целосно заштитено од огнената стихија. Во акцијата беа ангажирани хеликоптер Бел 412 на МВР, две екипи на ТППЕ Куманово со противпожарни возила, како и екипи на ...