Како што јави известувачот на МИА, таа рече дека ЕУ, како регионално, европско олицетворение на мултилатерализмот, има обврска непристрасно и конзистентно да го брани мултилатерализмот. „Европската Унија не може да го брани мултилатерализмот во светот ако го изневерува на својот континент. Проширувањето не е техничко прашање, туку тест за тоа дали ЕУ ќе го одбере патот на concordia или discordia, дали ќе биде Унија на правила и стандарди, или ...

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изрази целосна солидарност со нас и целосна поддршка и обете ги врза за нашите демократски чекори, особено за способноста за менаџирање на меѓуетничките односи, изјави претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по средбата со Гутереш, што се одржа синоќа (по македонско време) во Њујорк, во рамки на учеството на 80.Сесија на Генералното собрание на ОН. – Тој рече дека стои зад нас и ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, од говорницата на самитот „Конкордија“ во Њујорк, упати остра порака до Европската Унија, обвинувајќи ја дека го изневерува принципот на мултилатерализам на сопствениот континент и дека процесот на проширување го претворила во тест за сопствениот кредибилитет. Обраќајќи се на собирот што се одржа на маргините на Генералното собрание на ОН, претседателката нагласи дека ЕУ, како проект за мир базиран на ...