Пред две недели Спировски, минатата Ристиќ, а оваа недела во Битола пристигна Марјан Ристовски. Крилниот напаѓач е трето ново име во ростерот на Димитар Капинковски за сезоната 2025/26. Ристовски потпиша на една година и се враќа во ПМФЛ по краткиот период во Грција. Клубот со кратко соопштение го најави најновото засилување. „Ростерот на ФК Пелистер за сезоната 2025/26 е посилен за уште едно квалитетно и искусно име од македонските терени. Наш ...

Битолски Пелистер продолжува со засилувањата, денеска беше официјализиран договорот со 28-годишниот страничен фудбалер Марјан Ристовски, кој потпиша договор на една сезона со ФК Пелистер. Ристовски е роден во Гевгелија, а во мак-фудбалот настапувал за Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс, Вардар, Брера Струмица и грчка Кавала. Во Првата македонска лига има 124 натпревари и 20 голови. Во есенскиот дел од минатата сезона за Брера Струмица ...