Врз основа на вистинска приказна… Филип е богат квадриплегичар на кој му треба негувател кој ќе му помогне во неговата секојдневна рутина во неговиот пентхаус во Њујорк. Тој одлучува да го вработи Дел, поранешен затвореник пуштен на условно кој се обидува повторно да се поврзе со бившата и со неговиот мал син. И покрај тоа што доаѓаат од два различни света, неверојатно пријателство почнува да цвета. Римејк на францускиот филм од 2011 година. ...

Филм за опсесијата со бодибилдинг, романса, (не)исполнување и љубов, раскажана помеѓу групи повторувања и броење калории. Под немилосрдниот надзор на нејзиниот партнер Адам, Едина ги освојува сите големи турнири во бодибилдинг. На тие турнири луѓето околу неа се воодушевуваат и го фетишизираат нејзиното тело, а нејзиниот настап станува еден вид уметност. Сепак, дури ни бодибилдингот не работи без спонзори. Така, Едина одлучува да заработи ...

Пред многу години, една жена го скрши срцето на Манглехорн. Оттогаш, тој е осамен и наоѓа утеха во работата, тагувајќи за својата одамна изгубена љубов. Еден ден, Манглехорн ја запознава љубезната и добродушна Дона, шалтерска службеничка во банка, која е заеинтерсирана за ексцентричниот самотник со надеж дека можеби ќе го охрабри да се отвори… Главните улоги во оваа драма се двајца оскаровци, Ал Пачино и Холи Хантер. Филмот беше во селекцијата ...