Од направените контроли е утврдено дека во најголем дел од случаите полицијата постапувала согласно законските процедури и дека против пријавениот била поднесена кривична пријава, која завршила со условна пресуда во судска постапка. Сепак, внатрешната контрола констатирала дека во дел од претходните пријави не било постапено целосно согласно законските обврски. Поради тоа, предложено е поведување дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и неговото одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања, уште го немаат добиено известувањето што во петокот МВР соопшти дека им го испратило за 11 вработени во СВР Велес. Полицајците направиле пропусти за пријавите што ги поднесувала убиената Росица од Велес во минатото, односно полицијата не секогаш постапувала по нив. Но, не е конкретно наведено на што се ...
Тројца блиски пријатели на Росица која беше брутално убиена од нејзиниот поранешен љубовник Илија Стефановски, за „Слободен печат“ тврдат дека СМС-пораката во која таа очајно бара помош од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е веродостојна и испратена од нејзиниот број на бројот на министерот. Таа порака според нивните сведоштва, уште постои во мобилниот телефон на Росица кој е задржан во полиција на вештачење и додека била жива, ...