Битолскиот суд ги одмрзна, а на барање на Обвинителството повторнo ги блокираше средствата од три милини евра на банкарската сметка на компанијата „Руд Коп“ од Битола за кои постои сомнеж дека се стекнати незаконски. Оваа судско одмрзнување се случи на 6 мај, истиот ден кога ОЈО поднесе обвинение против 10 лица, меѓу кои и поранешниот директор на РЕК, Пеце Матевски под сомнение дека во 2022 година го наместиле тендерот за ископ на јаловина во ...

Основното јавно обвинителство Битола побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати како незаконска корист од кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластувања. ...