Пријдете, луѓе, гледајќи го преславното чудо, на силата од Крстот да се поклониме, зашто дрвото во рајот смрт произведе; ова, пак, живот ни процвета, имајќи Го безгрешниот Господ прикован на себе, од Кого земајќи нераспадливост, сите ние извикуваме: Тебе Кој со Крстот смртта ја уништи, и нас нѐ ослободи, слава Ти. (Стихира од чинот на поклонувањето на Чесниот Крст) Денес во духовното небо победоносно блеска високо издигнатиот Крст Господов, кој ...

Денес во духовното небо победоносно блеска високо издигнатиот Крст Господов, кој ја потпиша и запечати, како семоќен Христов потпис, повелбата за слободата на човекот од смртта. Залогот за нашата победа и блаженство! Нашето оружје, пофалба и слава! Прославата на чесниот и животворен Крст е велика и длабока тајна на Црквата. Крстот е најголемото сведоштво за самопожртвуваната љубов Божја, која ги преобразува и внесува мир, сила и радост во нашите ...