Арсовска ги повика Министерството за внатрешни работи и надлежните институции да постапат, а најави и дека ќе поднесе пријава поради заканите по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство од страна на сопственици на фирма од Долно Коњари. „Во општина Аеродром, затекнати при нелегални активности на бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар, од фирма која нема никакви лиценци, елаборати, дозволи и одобренија ниту за работа, ниту ...
Од понеделник ви најавувам фељтон, во кој ќе ги објавуваме едно по едно сите од наша страна констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази, за кои се’ уште никој не постапува од надлежните институции, објави градоначалничката Данела Арсовска на „Фејсбук“. „Во градот Скопје во три (3) години спречивме над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби. Спречивме градење на асфалтни бази во населени места, ...