Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски повторно влегоа во отворен судир околу начинот на кој треба да се стави крај на војната во Украина. Главната точка на раздор е ставот на Киев да не ја признае руската анексија на Крим. Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, во изјава од Индија порача дека е време Москва и Киев да прифатат американски мировен предлог или САД да се повлечат од преговарачкиот процес. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следните неколку дена ќе бидат многу важни за преговорите за решение во Украина. „Сакаме да ја завршиме оваа војна. Сакаме брзо да ја завршиме. И мислам дека направивме многу напредок. И ќе видиме што ќе се случи во следните неколку дена, што ќе биде многу важно. Во моментов се одржуваат состаноци“, рече американскиот лидер, одговарајќи на прашања на новинарите за време на протоколарното снимање ...