Левиот бек на португалската репрезентација и на европскиот првак ПСЖ, Нуно Мендеш е најкорисен играч на финалето на Лигата на нации во Минхен (МВП). Бекот постигна прекрасен погодок за 1-1 во првиот дел, а потоа реализира во четвртата серија од пенал-рулетот. Мендеш е дете на Спортинг, кое експлодира во Париз и сега е незаменлив и во националниот тим. Минхен му е среќна територија, бидејќи двапати подигна пехар во баварската престолнина и запиша ...
Нуно Мендеш одигра одличен завршен турнир во Лигата на нации и помогна Португалија да стигне до трофејот, истовремено заработувајќи и многу комплименти за своите настапи. Португалскиот селектор Роберто Мартинез смета дека фудбалерот на ПСЖ е најдобар лев бек во светот, а имал интересен одговор и на прашањето дали го смета Мендеш за реален кандидат за „Златната топка“. – Досега мислев дека не постои перфектен фудбалер, но Нуно е многу блиску до ...
Најкорисниот играч на завршниот турнир во Лигата на нации, Португалецот Нуно Мендеш, изјави дека е среќен што националниот тим вторпат се закитил со трофејот, а воедно изрази и длабока почит за Кристијано Роналдо. Левиот бек на „европските Бразилци“ смета дека титулата е заслужено освоена, беше скромен во однос на МВП награтада, но имаше што да каже за својот легендарен соиграч кој веќе има полни 40 години. „Среќни сме за трофејот, а уште ...